Новости

Во Добриниште се одржа Зелена школа за управување со отпад

15 Мај, 2017

Во период од 27 - 29 октомври 2017 година, во гр. Добриниште, се одржа Зелено училиште за управување со отпад под слоганот "Го цениме животот" и работилница "Креации од непотребното", наменети за учениците од основното образование на прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија, на возраст од 10 до 15 години.

Меѓу главните цели на Зелената школа беше подигнување на свеста и знаење на учениците за ефективното управување со отпадот. Иницијативата промовира заедничките напори во оваа насока и воспитување на еколошки однос и практики кај младата и адолесцент генерација во регионот.

Активностите за време на зеленото училиште беа насочени кон дискутирање на прашања поврзани со управувањето со отпадот, заштитата на животната средина и постигнување на подобар квалитет на живот, користејќи различни интерактивни методи, како презентирање на едукативни филмови, креативни активности и активности во природа ѓ. За време на тридневниот настан, учесниците го посетија "Регионално депо за неопасен отпад" - Општина Разлог, интерактивен модел на енергетска независна куќа, користејќи различни видови обновливи извори на енергија, иновативни енергетски технологии и решенија за енергетска ефикасност.

Зеленото училиште обезбеди прекрасна можност на учениците истовремено да се научат нови работи, повторно откривање и утврдување на сопствените способности и таленти, развивање на вештини, креативното размислување и колективна работа, а истовремено со тоа успеаја да се забавуваат и да создадат нови пријателства во една поинкава средина од училницата. Настанот беше организиран како дел од активностите на проектот "Прекугранична соработка за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот - WasteEDU", кој се спроведува од "Сојуз на производители на еколошка енергија - BG", во партнерство со "Центар за климатски Измени - Гевгелија ", во рамките на програмата ИНТЕРЕГ - ИПА за прекугранична соработка Бугарија - Македонија.

Повеќе информации за проектот, проектни иницијативи и интересни вести на оваа тема може да се најдат на оваа веб страница и на официјалната Facebook страница на проектот.