Новости

Претставниците од двете партнерски организации СПЕЕ – BG и ЦКП – Гевгелија во Скопје одржаа работен состанок

30 Јануари, 2019


По успешното спроведување на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (WasteEDU) “ во рамките на првиот повик за предлози на Интеррег-ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија CCI број 2014TC16I5CB006, претставниците од двете партнерски организации СПЕЕ – BG и ЦКП – Гевгелија на 26 јануари 2018 година во Скопје одржаа работен состанок. Фокусот на средбата беше да се процени спроведувањето на проектот и перспективите за идната соработка.

За време на состанокот, претставниците на двете организации дискутираа за проектни идеи со цел да се аплицира во партнерство во рамките на Вториот повик за проектни предлози на Интеррег-ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија и со тоа да ја зајакнат долгогодишната соработка во областа на животна средина. Резултатот од средбата беше одобрување на конкретна проектна идеја и беше донесена одлука за развој и имплементација на нов проект за проширување на обемот на двата претходни успешни имплементирани проекти и зголемување на вниманието кон други клучни и тематски теми во рамките на Приоритетната оска "Животна средина".