Новости

Што е биоразградлив отпад?

6ти јули 2017

Технички гледано, биоразградлив производ е нешто што може да се распадне во природата со помош на микроорганизми и други биолошки процеси. Биоразградливиот отпад, исто така може да се нарече зелен отпад, отпадоци од храна или органски отпад. Кога биоразградливите производи се изложени на природа, вклучувајќи кислород и влага, тие се распаѓаат релативно ефикасно. Еве еден пример за тоа колку долг временски период им е потребен на разни биоразградливи предмети да тие природно се разградат (под претпоставка дека има соодветно снабдување со кислород и влага):

  • Картон (не восочен) - 3 месеци
  • Цигара - 1-5 години
  • Памучно јаже 3-14 месеци
  • Весник - 2-4 недели
  • Лушпи од портокал - 2-4 недели
  • Хартија - 2-5 месеци
  • Хартиени крпи - 2-4 недели
  • Дрво (иверица) - 1-3 години

Меѓутоа, кога биоразградливите материјали се фрлени во депонија, каде што тие не се изложени на физичко распаѓање (тие се лишени од кислород и влага), тие се распаѓаат многу бавно и создаваат метан гас во процесот. Метанот е стакленички гас кој е 20 и повеќе пати поефикасен во заробувањето на топлината од атмосферата отколку јаглерод диоксидот, и затоа е значаен загадувач, кога станува збор за климатските промени. Постојат многу предмети кои се сметаат за небиоразградливи, но и покрај тоа што тие на крајот ќе се распаднат, времето кое е потребно за тоа да се случи е многу подолго.

Погледнете ги, на пример, овие производи:

.
  • Алуминиумски конзерви - 200 години
  • Пелени - 450 години
  • Конец за ловење риби - 600 години
  • Стакло - 1.000 години
  • Картон за млеко (со восок) - 1-5 години
  • Пластични кеси - 10-20 години
  • Пластични шишиња - 700-1,000 години
  • Пластична гајба за пијалаци - 400 години
  • Стиропорска шолја - 50 години
  • Лимени конзерви - 50 години

Повеќето биоразградливи материјали, исто така, потекнуваат од обновливи извори, како што се дрва, трева, земјоделски култури и слично, што ги прави поодржлив на долг рок.